Преку 1.3 милиони прегледи! Миха ја „запали“ цела Италија со својата животна лекција!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Србинот денеска е во центарот на вниманието на Апенинскиот полуостров.

    Синиша Михајловиќ на кратко и јасно одржа лекција која денеска одекнува низ цела Италија.

    Неговата конференција за медиумите стана толку вирусна на друштвените мрежи што достигна преку 1.3 милиони прегледи на Фејсбук.

    Српскиот тренер на конференцијата за медиумите после победата над Фиорентина доби прашање дали е тешко 22-годишниот Марко Бенаси да се носи со притисокот од капитенската лента, на што следеше одговор на Миха што одекна низ Апенинуте.
    „Тешко е кога треба да стануваш секое утро во четири, да работиш од шест до крајот на денот, да не знаете кога ќе стигнете дома, и и понатака да немате доволно пари да ги платите сметките на крајот на месецот. Е, тоа е тешко.  Да се носи капитенската лента треба да биде задоволство и гордост на секој играч. Бенаси е среќен човек, како и сите кои можат да се занимаваарт со фудбал на ова ниво“, испали Миха во свој стил.

    Ла Газета дело Спорт овие зборови на Миха ги закачи на својот Фејсбук и за помалку од 48 часа 1.2 милиони прегледи и најголем број на коментари и реакции, тврди овој весник.