Претседателот на Рома се извини на Милан!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако во текот на вчерашниот ден претседателот на фудбалскиот клуб Рома , Џим Палота, изјави дека е сомничав околу финансиската исправност на управувањето на Милан, денеска тој го смени мислењето и се извини.

 

Имено, господинот Палота вчера ја доведе под знак прашање финансиската ситуација на клубот од Милано и тврдеше дека Милан ги заобиколува правилата на Финансискиот Фер Плеј.

Во текот на денешниот ден преку прес-конференција спортскиот директор на Милан, Марко Фасоне, излезе со став дека управувањето на клубот е сосем легално и дека не е навикнат на такви обвинувања.

“Зачуден сум од стилот на кој Палота го обвини Милан и директните напади од страна на тим од истата лига. Драг Палота, ние сме спремни во секое време да ги споредиме финансиските документи на двата клуба, Рома и Милан.” – рече Фасоне.

 

Неколку часа подоцна претседателот на Рома го изјави следното:

“Се извинувам доколку сум налетал на погрешна информација. Многу се грижам за италијанскиот фудбал и очекувам секој клуб да придонесе кон зацврстување на лигата преку правилно и одговорно работење, како што го правиме ние тоа во Рома. Им посакувам на новите сопственици на Милан сѐ најдобро и очекувам нивното раководство да работи заедно со останатите екипи од лигата кон зајакнување на Серија А.”

 

Тимот на Милан досега во летото донесе 10 нови играчи и притоа потроши огромна количина на пари.