Примера – Списокот на играчи на кои им истекуваат договорите на крајот на сезоната


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сите играчи на кои им истекуваат договорите на крајот на оваа сезона, слободни се од јануари да преговараат со други клубови за потенцијален трансфер бидејќи на крајот на сезоната можат да си заминат според правилата на Босман.

„Марка“ во денешното издание подготви листа на сите играчи кои играат во Примера и на кои им истекува договорот на крајот на сезоната, а еве кои се тие играчи:

Реал Мадрид

Пепе се уште нема потпишано договор, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, бидејќи веќе има понуди од Кина и Премиер лигата.

Барселона

Единствениот фудбалер во Барселна на кого му истекува договоро на крајот на сезоната е Жорди Масип, резервниот голман.

Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Диего Симеоне имаат големи проблеми кога станува збор за обновување на договорите, па во овој момент на крајот на сезоната истекуваат договорите на Фернандо Торес, Тиаго, Анхел Моја и Алесио Черчи.

Севиља

Михаел Крон Дели е повреден, и речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Покрај него, и Бено Тремулинас има договор до крајот на сезоната.

Валенсија

Феде Картабиј е единствениот играч на Валенсија на кого истекува договорот.

Виљареал

На тројца играчи им истекуваат договорите, а тоа се Бојан Јокиќ, Маријано Барбоса и Даниеле Бонера.

Бетис

Ману Ерера кој не играше, Алекс Мартинез и Алваро Сехудо се играчите кои ќе го напуштат клубот на крајот на сезоната.

Атлетик Билбао

Клубот речиси сигурно ќе го напуштат Ираизоз, Елустондо и Саброит, додека ситуацијата околу Аитор Адурик и понатаму е неизвесна.

Реал Сосиедад

Чави Прието и Микел Гонзалес имаат договор до јуни.

Селта

Сане и Планјас се играчите кои би можеле да ја напуштат Селта на крајот на сезоната.

Малага

Иконата на клубот, Дуда, би можел да си замине, а покрај него постои можност клубот да го напуштат и Велингтон и Чарлс.

Еспањол

Мартин Демикелис, Виктор Алварез и Салво Севиља се играчите кои би можеле да преговараат со други клубови во јануари.

Депортиво Ла Коруња

Рајан Бабел има договор до 31. декември и од тогаш е слободен играч. Херман Лукс и Фернандо Наваро се играчите кои исто така можат, но на крајот на сезоната да го напуштат клубот.

Гранада

Дејвид Барал, Иван Келава и Чави Мартинез го напуштаат клубот, најверојатно.

Еибар

Мауро дос Сантос, Иван Рамис и Антонио Лунда можеби се и главните играчи и нема сомнеж дека нивното заминвуање од клубот би бил во многу тешка позиција.

Алавес

Раул Гарсија, Ману Береиро и Кико Фемени остануваат без договор на крајот на сезоната. Гаска Токеро веќе го договори своето заминување од клубот.

Лас Палмас

Нема клуб во Примера кој има повеќе играчи на кои им истекуаат договорите. Тоа се: Кевин Принс Боатенг, Набил Ел Жар, Давид Гарсија, Чави Варас, Дани Кастељано, Раул Лизоаин и Монторо. Сепак, Боатенг има опција да го продолжи договорот уште на година дена.

Леганес

Тони, Састре, Виктор Дијаз, голманот Серантес и Алберто Мартин.

Осасуна

Марио Фернандез, Чави Аламо и Наузет.

Спортинг

Единствено Чави Торес е фудбалерот кои најверојатно ќе го напушти клубот поради истекот на договорот.