Пристигнаа првите две понуди за Агуеро


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро се повеќе се споменува дека ќе го напушти Манчестер Сити.

    Како што информираат англиските медиуми, одличниот напаѓач е на излезни врати од „Етихад“, а веќе се споменуваат и потенцијалните дестинации за 28-годишниот фудбалер.

    Понуда за Агуеро веќе испратиле екипите на Милан и ПСЖ, па постои можност тој да ја продолжи кариерата во некој од овие два тима.

    На ПСЖ и повеќе од потребни им се засиливања, бидејќи клубот во моментов нема сјај, додека Милан повторно сака да создаде супер-силен клуб.

    Агуеро би можел да го напушти Сити уште во јануари, а одлуката на крајот сепак ќе биде само негова.

    Дресот на Манчестер Сити Агуеро го носи од 2011. година, кога пристигна од Атлетико Мадрид.