Пристигна нова понуда: Лукаку во јануари речиси сигурно го напушта Евертон


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку уште во јануари би можел да ги напушти редовите на Евертон.

    Лукаку минатото лето имаше неколку примамливи понуди, но одлучи да остане во Евертон. Сепак, неговата екипа нема баш добри резултати оваа сезона, па повторно започнаа шпекулациите дека белгискиот напаѓач ќе го напушти клубот.

    Англиските медиуми денеска објавија информација дека Лукаку во јануари ќе го напушти Евертон и дека неговиот нов клуб ќе биде Баерн Минхен. Баварците веќе испратиле понуда за овој напаѓач и подготвени се да платат 65 милиони фунти за напаѓачот во јануари да се пресели во Минхен.

    Скаутите на баварскиот тим веќе неколку натпревари внимателно ги следат игрите на овој напаѓач, и им соопштиле на лидерите на клубот дека тој би бил големо засилување. Англиските медиуми се сигурни дека Лукаку ќе заврши во Баерн, само прашањето е дали тоа ќе биде во јануари или на крајот од оваа сезона.