Против Јувентус не може ни видео-асистентот, победа во првото коло за бјанконерите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Напаѓачкото трио на Јувентус денеска работеше како подмачкано и му помогна на италијанскиот шампион да стигне до три бода на првиот меч од новата сезона.

 

Јувентус го совлада тимот на Каљари на домашен терен со резултат 3:0 а стрелци на головите беа сите тројца напаѓачи на составот од Торино. Резултатот го отвори Марио Манџукиќ со гол во 12 минута, за при крај на првото полувреме да се случи еден момент кој ќе влезе во историјата на Серија А. Имено, со помош на ново воведените видео-асистенти(ВАР) беше досуден пенал за Каљари. Но, Буфон го одбрани пеналот и ја остави мрежата нечепната. До крајот на полувремето Дибала додаде уште еден гол и на пауза се замина со резултат од 2:0 за Јувентус. Во второто полувреме Игуаин ја запечати победата на Јувентус со гол во 66 минута и го постави конечниот резултат од 3:0.

Вреди да се напомене дека во овој меч дебитираа и двете летни засилувања на Јувентус, Матуиди и Даглас Коста.