Раул Гонзалез и Лука Циндриќ – Стевановиќ му ја донесе победата на Загреб


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар беа поразени после четири победи по ред во ЛШ.

    Загреб со 28:27 го совлада македонскиот шампион за прва победа оваа сезона во ЛШ.

    Иван Стевановиќ, голманот на Загреб беше клучниот играч на натпреварот. Запиша 17 интервенции, од кои неколку во важните моменти од натпреварот.

    „Одличен меч одигра Загреб. Во првото полувреме нашата одбрана беше добра, транзиицјата брза и успеавме да направиме разлика. Во второто полувреме од натпреварот Загреб почна да игра многу подобро, и полека ја намалуваше разликата се до победа и освојување на два бода“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

    „Очекувавме ваков натпревар. Одлично прво полувреме за нас, а во второто Стевановиќ беше на голот и го реши победникот со неколку клучни одбрани“, изјави Лука Циндриќ, ракометар на Вардар.