Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во рамките на 5. коло од Премиер лигата денеска играат против Ватфорд.
По поразот на домашен терен во градското дерби од Сити, навивачите на „црвените ѓаволи“ денеска очекуваат победата на својата екипа. Посебен мотив денеска ќе има Маркус Рашфорд кој би можел да добие ново покачување на платата.
Како што пренесуваат англиските медиуми, напаѓачот на Јунајтед денеска би требало да потпише нов договор со клубот од „Олд Трафорд“ иако тоа го направи пред само шест месеци. Јунајтед не сака да ризикува дека некој може да ја активира откупната клаузула на Рашфорд, па управата на клубот е подготвена да му понуди нов договор на нивната нова ѕвезда.
Рашфорд на почетокот на минатата сезона заработуваше „само“ 1,000 фунти, но пред шест месеци неговата плата се искачи на 20,000 фунти. Сепак, со потпишување на нов договор неговата плата би можела да биде двојно зголемена за разлика од сегашната. Ова сигурно се одлични вести за напаѓачот на Манчестер Јунајтед.