Рајн Некар поразен од Фленсбург – Дејан Манасков 2 погодоци


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Рајн Некар Ловен беа поразени на домашен терен од Фленсбург со 17:22.

    Првото полувреме донесе доминација на Фленсбург. На полувреме се замина со 7:13. Во вторите 30 минути гостите ја одржуваа предноста и стигнаа до четртата победа оваа сезона во исто толку натпревари. Конечни 17:22.

    Гландорф со 7 погодоци беше најефикасен кај Фленсбург. Егерт и Мае додадоја по 3 погодоци. Рајнкинд со 4 погодоци најмногу се истакна во домашниот тим. Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков постигна 2 погодоци од 3 обиди.

    Рајн Некар го забележа првиот пораз оваа сезона.