До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
На почетокот на декември на распоредот е најголемото шпанско дерби, Ел Класико, каде што Реал може да биде значително ослабен.
До големото шпанско дерби останаа десетина дена, а навивачите на Реал со големо нетрпение ги чекаат информациите за тежината на повредата на Герет Бејл.
Имено, велшскиот репрезентативец синоќешниот дуел од ЛШ против Спортинг го напушти во 60 минута поради истегнување на скочниот зглоб.
Денеска ќе бидат објавени деталните лекарски прегледи после што ќе се знае дали после Роналдо најдобриот играч на Реал ќе биде спремен за Ел Класико.















