Ренесанса на „Велодром“, Олимпик е решен да ја прекине доминацијата на ПСЖ!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Со новите сопственици стигнува и силен финансиски стимуланс за паднатиот гигант од Марсеј.

    После доведувањето на Руди Гарсија на местото тренер на екипата, денеска е преставен и новиот спортски директор.

    Човекот задолжен за спортскиот сектор во Олимпик ќе биде прославениот шпански репрезентативец Андони Зубизарета.

    Легендарниот голман по завршувањето на играчката кариера веќе ја извршуваше работата на спортски директор во Барселона, па на основа на тоа искуство со својот поранешен клуб многу добро знае што треба да направи на новата работа.

    Популарниот „Зуби“ потпиша тригодишен договор со гигантот од најголемото медитеранското пристаниште.

    „АС“ пренесува дека новата сопственичка структура на клубот, на чело со американскиот бизнисмен Френк МекКорт, Зубизарета за наредната сезона ќе обезбеди буџет од дури 200 милиони евра за засилувања.

    Целта на новата управа на единствениот француски клуб кој беше шампион на Европа се поставени многу високо.

    „Првата цел е титулата во домашниот шампионат, втората е доминација во Франција, а трета е основање на Лигата на шампионите“, рече МекКорт.

    Инаку, Олимпик Марсеј игра добро во овој момент, имаше лош старт оваа екипата во сезоната, екипата е непоразена на претходните четири првенствени натгпревари, а тоа што посебно може да ги радува навивачите е дена новиот тренер Руди Гарсија имаше многу успешно деби после што на гостувањето кај актуелниот шампион Пари Сен Жермен се врати непоразен.

    Сепак, после десет одиграни кола во Лига 1 заостанувањето зад водечката Ница се големи 13 бодови.

     

    Standings provided by Sofascore LiveScore