Рикиардо победник во Малезија


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо славеше на ГН на Малезија.

    Австралиецот победи бидејќи Луис Хамилтон кој беше прв во текот на поголемиот дел од трката му се расипа моторот во 41-от круг, а Рикиардо ја наследи првата позиција. 1-2 победата на Ред Бул ја комплетираше Макс Ферстапен кој заврши втор, а трет заврши возачот на Мерцедес, Нико Розберг.

    ГН на Малезија донесе возбудување уште на стартот кога се судрија Себастијан Фетел и Нико Розберг. Германецот ја заврши трката, а Розберг се најде на последното место. Дури Хамилтон беше прв Розберг стигна до четвртата позиција. После откажувањето на клупскиот колега, Розберг стигна до третата позиција. Кими Раиконен заврши четврти, возачот на Вилијамс, Валтери Ботас пети. Следуваа Серхио Перез, Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг и Џенсон Батон. Денешната трка не ја завршија Фелипе Наср, Луис Хамилтон, Естебан Гутиерез, Кевин Магнусен, Роман Грожан и Себастијан Фетел.

    Следната трка е во Јапонија на патеката Сузука на 9-ти октомври.