Роналдињо го „заборави“ Меси: Бразилецот ги откри двата најдобри играчи на сите времиња

    Поранешниот играч на Барселона, Роналдињо во разговор за „Dario AS“, ги откри играчите кои ги смета за најдобри играчи на светот на сите времиња и интересно, не го спомна неговиот поранешен играч, Лео Меси.

    „Само Марадона и Пеле“, кратко изјави Роналдињо кој за Меси сепак се сети кога го прашаа за фаворитите на Златната топка.

    „Има многу добри играчи и тешко е да се избере, но мој фаворит е Меси. Многу ми е мило што се врати во Аргентина“, изјави Роналдињо.

    Роналдињо прокоментира и за неговиот сонародник, Нејмар.

    „Тој е мој пријател кој прави историја во истиот клуб каде што и јас ја правев. Еден ден тој ќе биде најдобар на светот. Уживам да го гледам заедно со Меси и Иниеста“, додаде Бразилецот.