До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо изјави за бразилските медиуми дека сеуште жали што подолго време не поминал на фудбалските терени.
Роналдо нешто порано мораше да ја заврши својата играчка кариера поради проблеми со вишокот на килограми, но и чести повреди.
Бразилецот и понатака е голема ѕвезда во светот на фудбалот, и сигурно еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Овој легендарен Бразилец не крие дека му жал што не можеше подолго да игра.
Роналдо додаде дека има голема желба и денес да е фудбалер, а одлучи и откри имиња на четворица фудбалери со кои денеска сака да игра.
„Моментално за мене најдобри играчи на светот се Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар и Луис Суарез. Би сакал да играм со нив во иста екипа, тоа би било неверојатно за мене“, рече Роналдо.















