Роналдо одамна не добил ваков поклон: Бернардески ги надмина сите играчи на Јуве

Играчите на италијанските клубови нема да имаат многу време за прослава на Божиќ бидејќи веќе утре ќе истрчаат на терените.

Сепак денес многу го користат својот слободен ден и го поминуваат во кругот на фамилијата.

Кристијано Роналдо се огласи на Интаграм и отки дека добил многу посебен поклон од соиграчот Федерико Бернардески. Играчот од средниот ред на Старата дама одлучил да му подари на Роналдо фотографија на која е неговиот лик со која го воодушеви Португалецот.

Сигурно дека со овој поклон Бернардески постави недостижна задача за останатите играчи на Јувентус.