До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Репрезентацијата на Англија во минатите неколку дена поминува низ многу турбулентен период.
Сем Алардајс доби отказ после само еден натпревар на клупата на оваа екипа поради скандалот околу трансфер.
На негово место дојде Герет Саутгејт, кого веќе за неколку дена го очекува деби.
Новиот селектор на Англија не сакаше да ја менува капитенската лента иако сите веруваа дека Вејн Руни повеќе нема да биде лидер на оваа репрезентација.
„Руни е исклучителен капитен и тоа го докажа милион пати. Знам дека се наоѓа во мала криза, но тоа не е причината да му ја одземам капитенската лента. Јас имам голема доверба во него и сигурен сум декиа тој тоа ќе го оправда. Мене во оваа екипа ми треба вистински лидер, а верувајте дека Руни и тоа е“, изјавиу новиот селектор на репрезентацијата на Англија.
Дебито на клупата на селекцијата на Англија новиот селектор ќе има во сабота кога неговиот тим на Вембли ќе ја дочека репрезентацијата на Малта.















