Руни јасно покажа што мисли за новинарите


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ремизираа на домашен терен против Арсенал, 1:1.

    Во центарот на вниманието на денешниот натпревар беше напаѓачот на црвените ѓаволи, Вејн Руни. Овој фудбалер се наоѓа во центарот на вниманието поради скандалот кој ја потресе репрезентацијата на Англија. Руни беше обвинуван од страна на медиумите дека бил пијан.

    Англиските медиуми објавија и фотографии кои не му се допаднаа на напаѓачот на Јунајтед. После денешниот натпревар Руни јасно покажа што мисли за новинарите. Тој кажа што имаше да каже и потоа одлучи да ја напушти прес-конференцијата во знак на протест.

    „Она што ми се случуваше во последните денови беше срамота, но срамота за медиумите. Горд сум што играм за Англија и на се што остварив. Нема да се простам од репрезентацијата. Ова е срамота, покажавте дека немате почитување кон мене и сега е доста. Тоа е се што тука ќе кажам“, изјави Руни.