До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити во минатиот викенд не успеа да слави против Мидлзборо (1:1) во мечот од 11 коло на англиската Премиерлига.
Граѓаните на Итихад ремизираа против Мидлзборо со 1:1, а единствениот гол за домаќините го постигна Серхио Агуеро.
За Аргентинецот ова беше веќе 150 гол во дресот на Манчестер Сити, но според зборовите на Хари Реднкнап тој не е најдобар напаѓач кој играл во Англија.
„Агуеро е неверојатен фудбалер, но за мене постои само еден играч кој е подобар од него во историјата на Премиерлигата. Тоа е Тиери Анри и тешко дека некој ќе успее да го надмине некогашниот напаѓач Арсенал. Имаше доста неверојатни напаѓачи во оваа лига, но Анри и Агуеро се над сите тие“, рече англискиот стручнак.
Некогашниот селектор на репрезентацијата на Англија додаде дека нема цел да ги навреди Ширер, Кол или Фаулер кои оставија длабока трага во Премиерлигата, но дека е факт дека Анри и Агуеро далеку повеќе покажаа.















