Светот во чудо: Што всушност се случува со Кристијано Роналдо?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Реал Мадрид синоќа со дури 5:1 ја совлада Легија во Лигата на шампионите, а во стрелците ниту еднаш не се запиша Кристијано Роналдо.

    Очигледно дека Португалецот е во голгетерска криза, што сепак ги изненади сите љубители на фудбалот.

    Минатата сезона беше како од соништата – со Кралевите повторно ја покори Европа, а со Португалија се качи на врвот на Стариот континент.

    Многумина сметаа дека ќе продолжи уште подобро, но повредата во финалето на Евро остави трага иако тоа никој не сакаше да го посака.

    Се очекуваше дека токму против Легија, која очигледно беше канта за подобрување на гол разликата, да го постигне својот 100 погодок во европските натпреварувања, но не успеа иако имаше десет обиди. Од тоа само два отидоа во рамките на голот.

    Статистистката истотака не му одеше во прилог, бидејќи постигна само еден од 13 последните на Реал Мадрид.

    За среќа по мадридскиот тим, славеа убедливо, а сите се надеваа дека Роналдо веќе за викендот ќе ја прекине оваа лоша низа.