Секој играч кој е слободен на лето се поврзува со Јуве: Следен е играч на Рома?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дали можете да замислите уште еден ваков случај во Италија?

    Дефинитивно, ова во некоја рака би било поголем трансфер отколку преминот на Гонзало Игуаин од Наполи во Јуве.

    Како што ексклузивно пренесува Газета дело Спорт, италијанскиот шампион Јувентус се распрашува за услугите на ветеранот на Рома Даниеле Де Роси.

    Наводно, Јувентус е спремен да понуди на Де Роси договор на година дена со можност да продолжување на соработката на уште сезона со плата од 6.5 милиони евра.

    Сепак, Де Роси порача на својот агент да не прифаќа никакви преговори, бидејќи доколку не го продолжи договорот со Рома, ќе замине во МЛС лигата.

    На Де Роси истекува договорот во наредното лето и тој ќе биде слободен за веќе во оваа зима да постигне договор со идниот клуб.

    Да потсетиме, Јувентус во минатите години често ги користеше ваквите ситуации и без оштета доведуваше искусни играчи.

    Како слободни, после истекот на договорите во своите клубови, стигнаа Андреа Пирло, Сами Кедира, Патрис Евра, Фернандо Љоренте, Дани Алвеш…