До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, ни овој пат не доби повик во репрезентацијата на Аргентина.
Икарди веќе некое време пружа добри партии во дресот на Интер, но сеуште не го најде своето место во селекцијата на Аргентина.
Селекторот на оваа репрезентација Едгардо Бауза повторно не го повика Икарди, но изјави дека тоа ќе се случи наскоро.
„Јасно е дека во овие два натпревари тој нема да биде со нас. Сепак, морам да признам дека сум се поблиску да го повикам. Верувам дека може да донесе нешто ново во нашиот тим и сигурно е дека во нашиот нареден собир ќе биде со нас“, рече Бауза.
Гаучосите не блескаат во последно време, и постои голема можност да не се пласираат на СП кое се игра во Русија за две години.















