До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хамшик за италијанските медиуми откри неверојатен факт поврзан за негов трансфер од Наполи во друг клуб, и истакна дека одби три гиганти.
„Можам да потврдам дека имав повик од тие клубови, но не сакав да заминам. Ме бараа три големи италијански клубови, а мене ми се остануваше во Наполи во кој сакам да ја завршам својата кариера. Го сакам овој клуб и живеам за нашите нови големи успеси“, рече капитенот на Наполи, кој порача дека за него во Италија постои само еден клуб и дека тој веќе игра за него.
Марек Хамшик (29) во Наполи стигна во јули 2007 година од Бреша, а тогаш е платен 5.5 милиони евра.
Освен за овие два клуба, Хамшик играше и за Слован од Братислава каде што и ја почна својата кариера.















