Сензација во Русија – Ростов со три погодоци ги испрати баварците во Германија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Ростов славеа со 3:2 на домашен терен против Баерн Минхен во натпревар од петото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

    После одбиена топка, Даглас Коста ја затресе мрежата на Ростов за водство на баварците. Минута пред крајот на првото полувреме Ростов преку Азмоун го израмнија резултатот. Филип Лам се закани во второто полувреме, но шутираше непрецизно. Дефанзивецот на Баерн, Жером Боатенг направи прекршок во казнениот простор, а Полож ги израдува домашните навивачи. Радоста не траеше долго бидејќи две минути подоцна Хуан Бернат го израмни резултатот. Од далечина во 67-ма минута Нобоа го совлада Улрих за враќање на водството на рускиот клуб. Голманот на Ростов неколку минути подоцна одбрани фантастично по шутот на Томас Милер. Ростов славеше со 3:2 на денешниот натпревар и се поблиску се до ЛЕ.

     

    Во последното коло од групната фаза во ЛШ, Ростов му гостува на холандски ПСВ, а Баерн Минхен на Алијанц Арена ќе го пречека Атлетико Мадрид.