Се сеќавате на Гудјонсен? И тој се смее на Мурињо


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Многу познати фудбалери се огласуваат денеска и го коментираат потопот на Манчестер Јунајтед на Стенфорд Бриџ против Челси.

    Да потсетиме дека Црвените ѓаволи загубија со високи 4:0, а после мечот на Твитер се огласи и некогашниот напаѓач на лондонските Сини Еидур Гудјонсен.

    Тој истотака искористи да се пошегува на сметка на Жозе Мурињо.

    „Мурињо секогаш знаеше да го извлече најдоброто од Челси“, напиша Гудјонсен.

    Да потсетиме тој беше член на Челси дури шест години и тоа од 2000 до 2006  година.