До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот фудбалер од Јужна Кореја и Манчестер Јунајтед Парк Жо Сунг се одлучи да го надогради своето спортско знаење.
Некогаш одличниот фудбалер на МанчестерЈунајтед, каде што остави и најдлабока трага во текот на својата кариера, се одлучи да стане фудбалски менаџер, после што се запиша на Универзитетот Лестер во истоимениот град.
На овој чекор се одлучи бидејќи засекогаш сака да остане во фудбалот, и ќе работи во Англија која многу му даде.
„Многу сум возбуден! Еден од моите колеги ми пријде да ми каже дека му е многу мило што ќе студираме заедно. Сакам да го унапредам моето знаење, мислам дека тоа е сосема нормално“, рече Парк.
Да потсетиме, Парк Жи Сунг во својата кариера и носеше дресовите на ПСВ, Манчестер Јунајтед, КПР и Куото.















