Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од 21-во коло во ПМФЛ се одиграа уште 4 натпревари.
Брегалница и Силекс ремизираа, 3:3.
Недељковиќ после дваесетина минути игра погоди за водство на кратовчани. Ѓорѓиев неколку минути пред крајот на првото полувреме го израмни резултатот.
Наумов на почетокот на второто полувреме донесе водство за Брегалница. Од пенал Каланоски израмни во 71-ва минута. Резервата Тимов погоди за 2:3, а Стојанов во финишот од натпреварот ја спаси Брегалница од пораз, 3:3.
Пелистер славеше против Македонија Ѓорче Петров, 1:2.
Само шест минути игра беа доволни за погодок. Јонузи ги израдува домашните навивачи. Неколку минути подоцна Фереира израмни.
По влегувањето на терен на Силва, бразилецот постигна погодок за победа на Пелистер, 1:2.
Победа изненадувачки го победи Вардар, 2:1.
Грнчаров во првото полувреме погоди за водство на вардарци. Победата на прилепчани му ја донесе Цветаноски со два погодоци во период од 8 минути.
Шкендија и Шкупи одиграа без погодоци, 0:0.
Табела:
1. Вардар 47 бода
2. Шкендија 41 бод
3. Пелистер 36 бода
4. Работнички 33 бода
5. Ренова 28 бода
6. Силекс 28 бода
7. Победа 19 бода
8. Шкупи 18 бода
9. Македонија Ѓорче Петров 16 бода
10. Брегалница 12 бода