Силен притисок на гигантот за наследникот на Буфон: Спремен е трансфер од преку 60 милиони евра


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Џанлуиџи Донарума е наследник на Џанлуиџи Буфон. Сите во Италија се уверени во тоа. Но младиот Донарума освен во репрезентацијата големиот Буфон може да го замени и во Јувентус.

    На таков исхот барем се надеваат во Торино. Јуве е во потрага за играч кој ќе биде повеќегодишна замена на Буфон, а италијанските медиуми јавуваат дека Бјанконерите спремаат вистински напад на Росонерите.

    Тимот од Сан Сиро всушност со сите сили е насочен на подготовка на нов договор за Донарума со што ќе го заштитат од интересот на големите клубови. А новиот договор на 17-годишниот ќе гарантира 4.5 милиони евра по сезона.

    Интересот на Јувентус го потврди и менаџерот на играчот Мино Раиола.

    „Нормално дека пред него е голема индина. Тој знае каде оди…Јуве, Челси и Манчестер Јунајтед го следат, но Милан не сака да го загуби. Силен притисок работи Бепе Марота. Јувентус бара наследник на Буфон и ќе пробаат да го доведат Донарума во Торино под секоја цена“, рече Мино Раиола за италијанските медиуми.

    Интересен е советот што кон младиот голман го упати и Марио Балотели кој со 20 години ја напушти Италија и замина во Манчестер Сити.

    „Го советувам да остане во Милан. Имаме ист агент и сигурен сум дека тој ќе му даде вистински совет“, рече Балотели за Скај.

    Инаку, Газета дело Спорт тврди дека почетната цена за 17-годишното чудо од голман ќе биде вртоглави 60 милиони евра…