Сити на необичен начин создава играчи


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Младите играчи на Сити не смеат да носат копачки во боја.

    Во Сити донесоа одлука за сите млади играчи мораат да носат црни копачки, а не во шарени бои.

    Тренерот во академијата на Сити Џејсон Вилкокс смета дека на тој начин играчите ќе бидат цврсто на земја и дека ќе израснат во поголеми играчи и подобри луѓе.

    „Нема ништо полошо да видите врвен фудбалер кој нема манир ни почит кон другите луѓе.  Не е важно дали играчите ќе се обраќаат на чистачите или на директорите, тие мора да покажат почитување. Сакаме луѓето на најдобар начин да го претставуваат Сити. Не само кога го носат синиот дрес, туку и надвор од стадионот“, рече Вилкокс.

    Тој истотака истакна дена многу млади играчи во иднина ќе бидат во првиот тим и дека Пеп Гвардиола ќе смета на тие играчи.