Сити рутинирано против Бурнмут, Лестер на погон на Слимини до победа, Арсенал лесно против Хал


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Сити денеска запишаа убедлива победа против Бурнмут (4:0), додека три бода освоија Лестер и Арсенал.

    Манчестер Сити ја продолжи одличната серија во оваа сезона, и денеска без поголеми проблеми запишаа нови три бода.

    Граѓаните на Итихад со 4:0 беа подобри од Бурнмут. Домаќините поведоа преку Де Брујн кој во 15 минута постигна одличен гол од слободен удар.

    Десет минути подоцна Ихеаначо ја дуплираше предноста.

    Во второто полувреме домашната екипа постигна уште два погодоци. Прво во 48 минута Стерлкинг зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Гундоган со својот дебитански гол за Сити.

    Сигурни победи денеска запишаа и актуелниот шампион на Англија, Лестер. Лисиците на домашен терен го угостија Барнли и славеа со 3:0.

    Одличен меч одигра Ислам Слимани кој постигна два гола во Премиер лигата, додека конечните 3:0 во финишот ги постави Мее со автогол.

    Денеска славеа и навивачите на Арсенал бидејќи нивната екипа запиша победа на гостувањето кај Хал со 4:1.

    Алексис во 17 минута ја затресе мрежата на домаќините за водство на Топциите, а Чилеанецот во финишот на првиот дел имаше шанса и за втор гол, но Јакуповиќ го одбрани неговиот пенало.

    Во второто полувреме видовме уште три гола. Прво предноста на Арсенал ја зголеми Волкот, но Снодграс во финишот на мечот намали на 2:1. Сепак, во 83 минута Алексис ги острани сите дилеми со гол за победа на Арсенал од 3:1. Конечните 4:1 со својот прв гол за Арсенал ги постави Гранит Џака. Победа денеска запиша и ВБА која на домашен терен со 4:2 го совлада Вест Хем.