До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англиската Премиер лига се соочува со уште еден скандал кој во наредните неколку дена може да ја здрма цела лига.
Имено, англиските медиуми објавија дека Вотфорд најверојатно ќе биде казнет со одземање на бодови бидејќи е откриено дека челниците на овој клуб ги лажирале банкарските податоци.
Фамилијата Позо која е сопственик на овој клуб прикажа лажни банкарски документи, а нивниот потег брзо е откриен.
ФА го контактираше неодамна Вотфорд со цел да испратат документи поврзани за спонзорската заработка, а на крајот се испостави дека челниците на клубот затаиле седум милиони фунти.
Фамилијата Позо ги демантираше овие наводи пред неколку дена, но приказната сега доби продолжение. Англиските медиуми шпекулираат дека ФА речиси сигурно ќе го казни Вотфорд со одземање на бодови, но тоа може да биде и со парична казна. Хорнетс Иневесментс вложи околу 20 милиони фунти во Вотфорд, но прикажано е во документите дека се работи за 13 милиони фунти.















