Слободна е „десетката“ на Милан: Кој е следен?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Хонда сигурно заминува, но не е лесно да се доведе организатор на игра каков што на Сан Сиро сакаат.

    Јапонскиот играч за врска Кеисуке Хонда (30) ќе го напушти Милан во јануари и кариерата ќе ја продолжи во САД или Кина, пренесува Тутоспорт.

    Како што наведува влијателниот весник, некогашниот член на ЦСКА, има понуди од неколку клубови од МЛС лигата, како и Шангај, кој од неодамна го тренира Португалецот Андре Виљаш Боаш.

    Хонда има договор кој истекува во јуни, па Милан не бара голема оштета, поготово што во досегашниот дел од сезоната одигра само два натпреври.

    Со неговото заминување ќе се ослободи бројот 10, а главен кандидат да го нои дресот во кој се прославија Руд Гулит, Дејан Савичевиќ, Звонимир Бобан, Руи Коста, Кларенс Сидорф и други е Шпанецот Сеск Фабрегас од Челси.

    Од друга страна, Росонерите ќе имаат сериозна конкуренција во трката за потпис за Фабрегас, кого сеуште го сакаат Јувентус и Вест Хем.

    Застојот во преговорите за играчот за врска на Зенит Аксел Витсел, чиј трансфер во летото пропадна во последен час, ги натераа челниците на Старата Дама да се свртарт кон други решенија за испразнетото место во средината на теренот после заминувањето на Пол Погба и како една од алтернативите се споменува токму Секс Фабрегас, кој нема минутажа кај менаџерот Антонио Конте и практично е виден за заминување во зимскиот преоден рок.

    Добра работа за Јувентус е што Сеск Фабрегас може да настапи и во ЛШ, бидејќи Челси во оваа сезона не игра во Европа.