Сосема очекувано: Дурент останува во Голден Стејт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Голден Стејт, Кевин Дурент, останува во златната држава и во следните две сезони, тој потпиша двегодишен договор вреден 53 милиони.

Според американските новинари, Дурент има можност да истапи од договорот во втората сезона.

„Планирам да останам овде, не сакам да го менувам тимот повторно“ – Изјави Дурент.

Дурент во својата прва сезона, заедно се Стеф Кари имаше учинок од 25.1 поен, 8.3 скока, 4.8 асистенции и 1.1 украдена топка по натпревар. Тој беше повреден еден дел од сезоната и одигра 62 натпревари, но потоа се врати во Плејофот и им донесе титула на Голден Стејт.