Среќата ни го сврте грбот – Чиро Имобиле ја расплака македонската публика


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Репрезентацијата на Македонија во квалификацискиот натпревар за СП во групната фаза на Филип Втори беше поразена од Италија, 2:3.

    На стартот на натпреварот голема шанса за погодок пропушти Горан Пандев. Илија Несторовски од далеку во 18-та минута не го посака среќата, ја погоди пречката. За пропуштените шанси на македонските репрезентативци стигна казна од корнер кога Белоти ја затресе мрежата на Богатинов за водство на Италија. Несторовски имаше уште една шанса пред крајот на полувремето за погодок, но неговиот шут го глава заврши во рацете на Буфон. Во период од две минути настана делириум на Арена Филип Втори. Напаѓачот на македонската репрезентација, Илија Несторовски погоди за израмнување. Ферхан Хасани со својот погодок и донесе водство на македонската репрезентација. Дефанзивецот Даниел Мојсов со глава се обиде да го совлада Буфон, но тоа беше лесен залак за италијанската легенда. Во 75-та минута Чиро Имобиле погоди за израмнување. Македонските фудбалер немаа среќа во претходните два натпревари, па и денес истото им се случи. Чиро Имобиле со својот втор погодок на натпреварот во 92-ра минута и донесе големи три бода на Италија.

    Македонија во три кола има три порази во групната фаза.