Ставот на Ковачиќ му прави проблем на новиот тренер на Реал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ковачиќ пристигна во Реал Мадрид во 2015. година за 30 милиони евра, меѓутоа во меѓувреме не успеа да се избори за сериозен статус помеѓу момците, па се поизвесно е дека ова лето ќе ја промени средината.

Медиумите пишуваат дека Ковачиќ го изгубил трпението, па јасно им порача на челниците на Реал дека сака да замине, додека наводно од Кралскиот клуб стојат на ставот дека не сакаат да го продадат, бидејќи во него гледаат играч за во иднината и наследник на Лука Модриќ во средниот ред.

„Ковачиќ и понатаму инсистира на заминување, дури и го прекинал одморот за да договори трансфер од Реал. Доколку не може да биде помеѓу првите 11, тогаш не сака да биде во Реал“, пишува каталонски Спорт.

Се наведува дека Ковачиќ му прави проблеми на новиот Реал на Лопетеги, но и дека 24-годишниот играч за врска нема да попушти во своите намери.

Дали ќе замине, можеме само да нагодуваме. Многу великани се заинтересирани.