„Стилот на Барселона се промени од времето на Пеп“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    „Системот на Барселона е нешто што сите го препознаваат. Ние сме еден од неколкуте клубови кои се препознатливи по тоа, но секој тренер има некои свои идеи“, рече Лионел Меси па додаде:

    „Ние направивме големи промени во однос на времето кога тоа беше Гвардиола, но со Суарез сме можеби малку поагресивни во нападот, додека кај Пеп не ги користевме толку контра нападите“.

    А токму Сити на Пеп на Итихад ќе биде следен противник на Барселона.

    „Тие се одлична екипа. Секоја година е тешко против нив, но сега со Пеп сигурно ќе бидат уште подобри“.

    Ги споредуваше Меси Серхи Агуеро и Луис Суарез.

    „Кун е многу едноставна личност, но и еден од најдобрите напаѓачи на светот. Како и Суарез. Тие се различни, но и двајцата можат да одлучат натпревар“.

    За крај Меси ја откри тајната во добрата игра на Барса.

    „Секогаш работиме заедно на тоа да победиме. Нема повредено его во тимот. Уживаме кога играме, а поготово  тоа пробуваме кога го имаме натпреварот под контрола“.