Стојанче Стоилов – Секогаш одиме на победа


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Вардар во недела во салата Јане Сандански ќе одигра натпревар од ЛШ против унгарски ПИК Сегед и ќе се обиде повтори минатогодишниот почеток на сезоната кога имаа четири победи по ред.

    Оваа сезона Вардар не е поразен ниту во СЕХА ниту во ЛШ.

    Македонскиот шампион и ПИК Сегед имаат одиграно четири пати во ЛШ, а Вардар на 2 натпревари победил, 1 одиграл реми и 1 бил поразен. Минатата година два пати одиграа и два пати Вардар славеше.

    „Во недела играме нов, четврти натпревар од Б групата на Лигата на шампионите, ПИК Сегед е екипа која ние многу ја почитуваме. Тие се искусни и квалитетни, имаат искусен тренер, но ние имаме добра форма и играме дома, а дома секогаш одиме на победа. Оваа година како и во минатото е императив тој пласман на Ф4 турниот. Мораме да се пласираме на Ф4 турнирот, првенствено заради нас играчите, а потоа заради клубот и навивачите. Затоа ќе одиме на победа на секој натпревар, и екипи како ПИК Сегед мора да се победуваат“, изјави Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар.