Страв и трепет се белгијците, осум парчиња за Естонија, Тзавелас ја спаси Грција од пораз, Португалија во финишот ја скрши Латвија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Последните три натпревари од четвртото коло од групната фаза во квалификациите за пласман на СП во Русија во 2018-та година завршија.

    Репрезентацијата на Белгија не може никој да ја победи во групата. Настрада Естонија која загуби со 8:1. До 25-та минута белгијците имаа водство од 3:0. Мение, Мертенс и Азар се запишаа во листата на стрелци. Во второто полувреме белгијците постигнаа уште три погодоци, а Мертенс забележа хет-трик на денешниот натпревар. Во листата на стрелци се запиша и Караско и Лукаку(два пати).

    Грција се спаси во последната минута од пораз против Босна, 1:1. Погодок на натпреварот за Босна го постигна Миралем Пјаниќ кој од слободен удар постигна фантастичен погодок. Тзавелас во последната минута од натпреварот му донесе бод на Грција.

    Португалија се намачи со Латвија, но успеа да победи, 4:1. Кристијано Роналдо погоди од пенал во првото полувреме за водство на Португалија. Вториот дел ни донесе уште еден пенал кој беше досуден за португалците, а Кристијано Роналдо ја погоди стативата. Казна за португалците стигна од Зјузинс. Португалците набрзина го вратија водството преку Вилијам Карваљо. Роналдо се поправи за промашениот пенал и го постигна вториот негов погодок на денешниот натпревар. Конечните 4:1 ги постави дефанзивецот Бруно Алвеш.