Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во редовите на Барселона процениле дека крајно време е да се погрижат за тоа кој би можел да го наследи Луис Суарез.
Иако пред уругвајскиот фудбалер има барем уште две сезони врвен фудбал, токму тоа сакаат да го искористат каталонците за да доведат нов играч кој би учел од Суарез и спремни ќе го дочекаат крајот на неговото повлекување.
Во тоа не гледа проблем ни самиот Суарез иако многумина пишуваат за неговата загриженост.
,,Имам веќе 31 година и за мене е нормално Барселона да бара нова деветка. Сите имаме рок на траење”- кажа Суарез , пренесуваат странските медиуми.
Како можна опција порано се споменуваше Хари Кејн но неговото доведување е преголем финансиски залог, во игра се уште Кристоф Пиатек и Николас Пепе.
Што се однесува на Суарез, тој е на Ноу Камп од 2014 година кога дојде од Ливерпул и до денес за каталонскиот тим има одиграно преку 200 официјални натпревари