Суарез објасни зошто никогаш нема да ја освои Златната топка


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез синоќа ја прими наградата Златна копачка за најдобар стрелец во минатата сезона.

    Напаѓачот на Барселоан во минатата сезона постигна 53 гола и убедлвио стигна до Златната копачка. Сепак, Уругваецот по доделувањето на наградата изјави зошто никогаш нема да ја освои Златната топка.

    „Златната топка? Па секако дека би сакал да ја освојам таа награда, но свесен сум дека тоа никогаш нема да се случи, без оглед на тоа како ќе играм. Таа награда е се во маркетингот и спонзорите. Тука повеќе се гледа популарноста на некои ограчи отколку тоа што го направил на теренот. Јас и не сум толку популарен во светот на фудбалот и поради тоа никогаш нема да бидам прогласен за најдобар играч на светот. Моите амбиции се да ја освоиме Лигата на Шампионите, тоа би било одлично“, изјави Суарез.

    Минатата година Барселона ги освои речиси сите трофеи, а тогаш одличен беше и тандемот МСН. Сепак, сите беа изненадени што Суарез не беше меѓу трите најдобри играчи на светот, иако беше еден од најзаслужните за освоените трофеи на Барса.