Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дениз Ајтекин е поддржан од страна на германскиот сојуз, но УЕФА добро ќе размисли.
Главниот судија на мечот Барселона – ПСЖ, Дениз Ајтекин, по многумина беше централна фигура на вчерашниот меч.
Многу беа коментари на досудените пенали за Барселона, големо е прашање дали во тие моменти овој германски судија исправно постапи.
Сепак, најмногу приказни имаше околу наводниот прекршок на Маскерано над Ди Марија во финишот на мечот, дури и самиот Маскерано призна дека направи прекршок.
Германскиот сојуз ги поддржа Дениз Ајтекин и неговите помошници, но УЕФА не мисли дека тој одработи добра работа.
Според пишувањата на Марка, Ајтекин ќе биде можеби и суспендиран од страна на Пјерлуиџи Колина поради грешките кои ги правеше во споменатиот дуел.
Сепак, времето не може да се врати, Барселона успеа да се пласира во 1/4 финалето на најневеројатниот натпревар во оваа сезона во Лигата на шампионите.