До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Можеби и најголем талент во светот на фудбалот во овој момент е Џанлуиџи Донарума, погледнете ги неговите одбрани во оваа сезона, се ќе биде јасно.
Роден е во 1999 година, а со само 16 години дебитираше во Милан.
Шанса за тоа му пружи Синиша Михајловиќ, имаше Србинот доволно храброст за тоа да го направи, иако му гореше под нозете.
Се испостави на крајот дека Михајловиќ бил целосно во право, Џанлуиџи Донарума не само дека е еден од најголемите таленти меѓу голманите, веќе е моментално и еден од најдобрите голмани во Серија А.
Покажа дека се работи за фантастичен голман, има одличен рефлекс, високите топки за него никако не се проблем, добар е во ситуација 1 на 1.
Одигра досега и две партии за репрезентацијата на Италија, вистински наследник на Буфон.
Погледнете во продолжението компилација на одбрани на Џанлуиџи Донарума, делува импресивно.
Момче, ти симнуваме капа!
https://www.youtube.com/watch?v=Li6y3wCocQI















