Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доволно е само да го повикате и погодокот пристигнува. А против Бетис запиша натпревар за паметење.
За него погодок во моментите кога е клучно стана навика.
Тешко е да одредите дали Серхио Рамос е најголемиот голгетер помеѓу дефанзивците, но капитенот на кралскиот клуб не престанува да не остана без здив. Повторно шпанскиот велемајстор демонстрираше дека фудбалот е едноставна игра во која тој на крајот го постигнува победничкиот погодок и станува јунак на Реал.
Само пет дена после уништувањето на Наполи истото му го направи и на Бетис. Тоа беше типична Рамос ситуација, корнер од десна страна, лукаво прикрадување и удар кој противникот најмногу го боли. И повторно проработи соработката со Тони Крос. Последните четири погодоци на Рамос стигнаа после асистенција на германскиот фудбалер.
Не само во таа ситуација кога Рамос повторно застана на пиедесталот туку и во сите 90 минути на Сантијаго Бернабе. Шпанецот забележа монструозни бројки.
Секој пат кога ќе направеше старт излегуваше како победник. Без грешка! Имаше дури и 88% додавања. Освои пет воздушни дуели со фудбалерите на Бетис, три пати расчисти опасна ситуација, два пати го пресече додавањето и постигна погодок за победа.
За прв пат во кариерата забележа двоцифрен број на погодоци во една сезона. Стигна до јубилејната десетка. Моментално е најдобар стрелец помеѓу дефанзивците во петте најсилни лиги.
Дури и неговиот поранешен соиграч, Алваро Арбелоа се пошегува на сметка на погодокот против Бетис.
„Погодок во 81-ва минута? Малку прерано за мој вкус.“
Серхио Рамос е апсолутно неверојатен!