Тони Адамс верува дека заминување на Венгер, ќе предизвика тага кај многу навивачи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Арсен Венгер требаше да си замине во Мај.

Ова е мислење на поранешниот капитен и легенда на клубот, Тони Адамс.

Иднината на Венгер беше многу несигурна минатата сезона, но тој се одлучи да остане и да потпише две годишен договор со клубот.

Новата сезона не започна добро за Арсенал, загубија од Стоук и Ливерпул, и имаат само три бода од три одиграни натпревари, а за ваквата ситуација фановите го обвинуваат менаџерот Арсен Венгер.

Тони Адамс, кој јавно ги искажуваше своите критики за Венгер, смета дека франуцскиот стратег требаше да си замине во Мај, кога го освои ФА купот.

„Тој е одличен човек, за него пензионирањето ќе биде исто како смртта“.

„Засекогаш ќе има место во срцата на навивачите на Арсенал, тој е најдобриот тренер кој некогаш го водел Арсенал и заслужува почит“.

„Можете да речете дека ако сака и уште две години треба да му се дадат, но моето мислење е дека е доста. Тој требаше да си замине во Мај, после освојувањето на ФА купот.“

„Можеше да рече „Ви Благодарам многу, направив мноу работи за овој клуб, но сметам дека е доста“, и тие ќе подигнеа статуа во негово име пред стадионот, но тој не го направи тоа“.