До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендата на Наполи и светскиот фудбал Диего Армандо Марадона во пресрет на натпреварот на неговиот поранешен тим против Рома во 8 коло од првенството на Италија изрази восхит за капитенот на Римјаните Франческо Тоти.
Аргентинецот, истотака, наведе дека му е му е криво што напаѓачот на екипата од Неапол, Полјакот Аркадиуш Милик здоби поврда на лигаментите на коленото во меч во својот национален тим.
„Се надевам дека Наполи ќе победи во следниот меч. На Рома нема да и биде лесно да игра на стадионот Сан Паоло. Тоти? Тој може да игра до 50 години“, истакна Марадона.
Arek Milik had been injured yesterday and was visited by Diego Maradona. Look at the t-shirt he’s wearing. #afc pic.twitter.com/l8T5TmGLob
— Mateusz (@afc_Mat) October 9, 2016
„Жал ми е за Милик, но ова е фудбал, се може да се промени во секој момемт. Вакви работи се случуваат во овој спорт, Аркадиуш е млад и силен. Верувам дека брзо ќе се врати на терен да помогне на Наполи“.
Наполи и Рома се среќаваат во сабота во 15:00 часот, домаќинот после седум кола е втор на табелата со 14 бода, додека Волчицата има еден помалку.















