Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Велшанецот откри интересни работи од соблекувалната на Реал Мадрид.
Герет Бејл за англискиот Ток спорт откри дека Лука Модриќ е неприкосновен на тренинзите.
Велшанецот многу добро го познава хрватот, тренираа заедно во Тотенхем.
„Лука Модриќ е фудбалер кој има најголемо чувство за додавање. Тој ги гледа додавањата кој никој друг не ги може. Работејќи со него во Тотенхем и Реал ми дава право да го тврдам тоа бидејќи такви работи видов неколку пати“, изјави Бејл.
Бејл исто така откри кој е најбрз фудбалер во Реал, како и кој е најголем шегаџија.
„Рафаел Варан е брз како авион, а Марсело е задолжен за атмосферата и шегите и секогаш пушта музика и игра“, откри Бејл.