Тренинг за германската репрезентација, лесна победа на Англија, Погба и Паје и пресудија на Шведска


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште девет натпревари се одиграа од четвртото коло од групната фаза за пласман на СП во 2018-та година кое ќе одржи во Русија.

    Чешка на домашен терен ја совлада Норвешка со 2:1. Крменчик и Жмрхал беа стрелци во победата на својата репрезентација. После два порази во низа, репрезентацијата на Данска успеа да победи, денес беше совладан Казахстан со 4:1. Корнелиус, Ериксен(2) и Анкерсен и донесоа победа на Данска. Лесна победа запиша Англија против Шкотска, 3:0. Даниел Стариџ погоди во првото полувреме, Лалана го зголеми водството во второто полувреме, конечните 3:0 ги постави Кејхил. Пресврт и тешка победа на Франција против Шведска, 2:1. Шведска преку погодокот на Форсберг стигна до водство. Во период од седум минути Погба и Паје направија пресврт и ја искачија Франција на врвот на табелата. Вребиќ му донесе победа на Словенија на гостувањето против Малта, 0:1.

    Репрезентацијата на Полска со 0:3 славеше против Романија. Гросицки и Левандовски(2) му донесоа нова победа на Полска. Во Сан Марино дожд од погодоци Германија славеше со 0:8. Кедира, Гнабри и Хектор стрелаа во првото полувреме. Гнабри во второто полувреме постигна уште два погодоци за хет-трик, Хектор постигна еден погодок во второто полувреме, Стефанели постигна автогол, а Воланд ги постави конечните 0:8. Северна Ирска го потопи Азербејџан со 4:0, а со истиот резултат славеше и Словачка против Литванија.