Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главната ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е главна тема деновиве во светските медиуми. Ретко кој очекуваше дека тој ќе го прекине својот одмор и ќе му се приклучи на тимот воочи натпреварот во Супер Купот кој се игра утре во Скопје, но Португалецот се врати тренираше само два дена со тимот и е поспремен од сите други фудбалери на Реал Мадирд.
Зиденин Зидан, ретко зборуваше за Кристијано и речиси во ниеден момент не откри дали тој ќе настапи или не на Супер Купот, во Скопје, но еве само што заврши првиот официјален тренинг на тимот на Филип Втори арената, а Роналдо изгледа спремен како никогаш досега.
Утре во Скопје, Кристијано ќе мора да се соочи со „својот“ Манчестер Јунајтед, во борбата за трофејот од Супер Купот.
„Импресиониран сум од неговата физичка спремност. Тој е подготвен како пред некој ден да се одигра финалето од Лигата на Шампионите“.