Тројка за Легањес на Бернабе – Кралска победа за продолжување на победничката низа


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе во првиот натпревар на програмата денес од Ла Лига славеа со 3:0 против Легањес.

    Без возбудувања на Сантијаго Бернабе се до 38-ма минута кога Герет Бејл ја затресе мрежата на Легањес за водство на кралскиот клуб, 1:0. Во судиското продолжение од првото полувреме Герет Бејл на асистенција на Алваро Мората го постигна вториот погодок на натпреварот. На стартот на второто полувреме голманот на Легањес, Серантес го одбрани шутот со глава на Бејл. Најголемата шанса гостите ја имаа во 72-ра минута кога Шимановски шутираше, но Кејлор Навас фантастично одбрани. За промашената шанса следуваше казна и тоа од Алваро Мората кој ја запечати победата на Реал Мадрид. Кралскиот клуб запиша нова победа и моментално има пет бодови предност во однос на Барселона која вечерва игра против Севиља на Рамон Санчез Пискуан.

    Четврта победа во низа за Реал Мадрид во Ла Лига, а во следното коло играат на Висенте Калдерон против Атлетико Мадрид. Клубот од предградието на Мадрид, Легањес следниот натпревар го игра на домашен терен против Осасуна.