Ударни вести: ПСЖ се одлучи да ја активира клаузулата за најдобриот фудбалер на Примера


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После заминувањето на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед, ПСЖ нема вистински лидер кој може да го одведе тимот чекор понапред во однос на претходната сезона.

    Поради тоа, богатите сопственици сакаат веќе во претстојниот преоден рок да ја активираат клаузулата за официјално најдобриот фудбалер на шпанска Примера Антоан Гризман кој сигурно добро ќе се вклопи во клубот од својата матична држава.

    Гризман неодамна го продолжи својот договор со Атлетико Мадрид, и е поставена откупна клаузула на точно 100 милиони евра. Но според пишувањата на француските медиуми тоа воопшто не е голема сума за сопствениците на ПСЖ кои се спремни без никакви преговори да ја активираат клаузулата.