Уште еден шок за Леброн: Кари и Ирвинг заедно го исмеваат! (ВИДЕО)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


 

 

Од утрово имаме уште еден доказ дека врската помеѓу Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс е тотално разнишана. Ирвинг минатата недела побара да биде разменет во друга екипа а ова видео само го “распали оганот” уште повеќе.

 

Во краткото видео кое излезе во јавност утрово јасно можеме да видиме како Стеф Кари го исмева Леброн Џејмс за видеата од теретана кои тој ги постира на Инстаграм. Шокантниот дел не е во тоа дека Кари прави шега на сметка на Леброн Џејмс туку тоа што Кајри Ирвинг е во првите редови и дополнително охрабрува Стеф.

Погледнете и самите:

 

Медиумите блиски до НБА лигата велат дека Кајри Ирвинг нема разговарано со никого од тимот откако излегоа гласините за негова размена. Со оглед на ситуацијата во Кливленд неизбежна е размената на играчи во која Ирвинг ќе биде главната ѕвезда.